Print

Опис на огласот

Опис на огласот: Заради зголемен обем на работа го прошируваме тимот. Објавуваме оглас за вработување на работно место:
Бизнис аналитичар – Имплементатор
Работни задачи:
• Анализа и документирање на потребите на корисниците
• Прибирање и документирање на јасни, концизни и недвосмислени функционални спецификации за софтвер
• Управување со промени на договорените барањата во однос на рок и содржина, за да се обезбеди договорените рокови да бидат навремено исполнети
• Tесна соработка со проект менаџери и програмери за да се обезбедат најдобри резултати.
• Извршување на проектни активности според дефинирани проектни задачи
• Дефинирање на задачи за останати членови на тимот
• Контрола (тестирање) на резултатот на доделените задачи
• Организирање и спроведување на обуки според кориснички потреби
• Подготовка на извештаи за статус на проект
Вештини:
• Напредно познавање на деловни процеси во комании
• Напредно познавање на економска терминологија која се користи во областа на компаниски менаџмент
• Одлични аналитички вештини
• Комуникациски вештини
• Вештини за пишување
• Вештина за работа на повеќе проекти и менаџирање на сопственото време
• Основно ниво на информатичко знаење
Области од коие потребно знање (општо познавање):
• Општ бизнис менаџмент
• Финанскиски менаџмент
• Управување со производство, трговија и залихи (магацини)
• Управување со дистрибуција и големопродажба
• Малопродажба
• Човечки ресурси
Образование (посакувано):
• Бизнис администрација – општ менаџмент, финансиски менаџмент или
• Економија – сметководство, е-бизнис, финасии или
• Компјутерски науки – програмирање, администрација на бази на податоци, дизајн на софтвер
Предност ќе имаат кандидатите кои имаат
• Солидно познавање на бази на податоци (MS SQL)
• Искуство во имплеметација на ЕРП системи

Редовното работно време на Сигма-СБ е од 08 до 16 часот од Понделник до Петок.
Работното место е за работа од дома со флексибилно работно време

Контакт информации

Презиме, име: Zlatko Dimitrievski
Телефон: 076443384
Поштенски код: 1000
Град/Општина: Карпош
Email: Email: info@sigmasb.com.mk
nopic