Print

Опис на огласот

Образование: искуство
Опис на огласот: ОзонАир е фабрика за производство на опрема за климатизација, вентилација и други производи согасно со највисоки стандарди за квалитет, безбедност и здравје.
ОзонАир ги охрабрува сите кандидати независно од полот и возраста да аплицираат за вработување на бараната позиција.
За потребите во производство (само прва смена) огласуваме слободно работно место на позицијата:

Работник во производство

за склопување на елементи кој ќе му се придружи на нашиот тим за Производство во фабриката во Скопје.
Потребно е да се исполнат следниве услови за да се конкурира:
- Кандидатот е пожелно да поседува претходно работно искуство во склопување на производи со работа со рачен алат
- Завршено основно или средно образование
- Работно искуство како склопувач на делови и производи од минимум 1 година ќе се смета за предност

За следниве работни задачи:
Општите работници во производството вршат едноставни и рутински задачи поврзани со процесот на производство за што е потребна примена на рачни алатки и едноставни машини како преси за формирање или отсекување прости форми и многу често поголем физички напор, а се занимаваат и со сортирање на производи и едноставно рачно составување на делови.
Кандидатот ќе биде одговорен за работа со рачни машина за склопување на елементи и производи, читање и разбирање на основна документација и технички цртежи, подготвување на материјал за обработка, организирање и избор на алати и грижа за работно место и алати.

Се добиваат следниве услови за работа:
- Редовни месечни примања
- Работа во прва смена и исплата на прекувремени часови согласно плановите за работа
- Работа во фабрика во чисти услови и во климатизиран објект
- Можност за обука, стекнување нови знаења и нови работни задачи
- Дефинирани дати за годишен одмор
- Награди за посветено извршување на работните задачи
- Исплата на регрес за годишен одмор согласно со условите за стекнување
- Можност за остварување новогодишен или друг надоместок

Доколку сте заинтересирани испратете ги вашата биографија на Македонски јазик на адреса: vrabotuvanje@ozon.com.mk

Контакт информации

Презиме, име: Башоска Емилија
Телефон: +38978262821
Поштенски код: 1000
Град/Општина: Скопје
Email: Email: vrabotuvanje@ozon.com.mk
Работник во производство