Компанија: Agrotehna Atanas i dr.DOO u/i Skopje
Плата: 974296f78b203c6bbf46bdcaa54f2477.pdf
Плата: 974296f78b203c6bbf46bdcaa54f2477.pdf
Опис на огласот
Опис на огласот: АгроТехнА ,повеќе од 30 години успешно го продолжува својот раст, со голема почит кон човекот и општеството.АгроТехнА ги смета своите човечки ресурси за клучен фактор за својот развој, каде посебно се важни вештините и залагањата на поединците, кои го формираат тимот, а се наоѓаат во сите нивоа на хиерархијата.
Нашата цел е да поставуваме долготрајни вредности ,каде што поедниците ќе станат вистински професионалци ,каде што ќе се развиваат заедно со целата Компанија и каде ќе имаат креативен развој на кариерата .
АгроТехнА ДОО
Работно место - сметководител
Одговара на : Шеф на сметководство
Одговорен на -за : сметководствено работење
Одговорности / Должности:
Активно учествува во целокупниот процес на сметководство, и тоа:
- Комплетно водење сметководственото работење и контрола на истото
- Контрола на движење на финансиската и матријалната документација
- Разновидни сеопфатни сметководствени активности во согласност со сметководствените стандарди, како и со сите релевантни законски и регулативни прописи
- Уредно водење документација во согласност со имплементираните стандарси за квалитете во компанијата
- Комуникација со сите релевантни државни институции.
Потребни лични особини:
- Висок степен на одговорност,организираност и професионалност
- Однесување со највисоки морални стандарди
- Уредност,прецизност,придржубање на временски рокови-Спремност за тимска работа во динамично опкружување
- Самоиницијативност и спремност на контуинирано учење и усовршување
- Силна посветеност кон услугата на клиенти и високо развиен осет за доверливост
- Одлични вештини за планирање и организација
- Иновативност, динамичност и посветеност
- Аналитички вештини и докажано внимание кон детали
- Ефикасни комуникациски вештини и одлични меѓучовечки вештини
- Познавање и почитување на организациска структура
- Способност да работи под притисок
Потребно образование и искуство:
- Диплома за завршен минимум IV степен образование , предност ќе имаат кандидатите со завршен VII степен Економски факултет.
- Најмалку 2-5 години работно искуство во областа
- Познавање на Англиски Јазик, говор и пишување
- Одлични компјутерски вештини (Microsoft Office – Excel, Word, Power Point, Outlook)
Што нудиме:
- Нудиме динамична и стимулативна средина, како и професионален предизвик.
- Одлични услови за работа во средина со амбициозен и професионален тим.
- Континуирана обука и можност за напредување во компанијата.
- Работа во една смена , вкупно 40 часа неделно или 8 часа дневно со 30мин пауза.
- Редовна плата.
Доколку сте заинтересирани за работната позиција, а воедно го поседувате потребното образование, работно искуство, квалификации, вештини и личен профил за успешно извршување на работните задачи на работното место, испратете ја Вашата кратка биографија на
e-mail: vrabotuvanje@agrotehna.com.mk, со назнака : „Сметководител“ .
Ве молиме имајте во предвид дека само избраните кандидати ќе бидат контактирани
Огласот е активен до 15.07.2021 година
Изборот ќе се врши во рок од 10-20 дена, во зависност од бројот на пријавените кандидати.
Општи правила за аплицирање:
• Именување на документ за аплицирање - CV (име и презиме на апликантот).
• Назнака на позицијата за која се аплицира
Во очекување сме на Вашите апликации!
Тим АгроТехнА
Согласно Законот за заштита на лични податоци Ве молиме во текстот на е-поштата да наведете дали прифаќате Вашите податоци да се чуваат во збирката за идни вработувања во АГРОТЕХНА АТАНАС И ДР.ДОО или сакате Вашите лични податоци да бидат уништени по истекот на активниот оглас. Доколку нема никаква напомена од Ваша страна, податоците ќе бидат уништени.
Контакт информации
Презиме, име: Strachkovski RadomirТелефон: 02/2463373
Поштенски код: 1000
Град/Општина: Скопје
Email: Email: vrabotuvanje@agrotehna.com.mk