Print

Опис на огласот

Образование: • Универзитетско образование од областа на компјутерски/информатички науки, со најмалку 4 години работен стаж стекнат по завршување на високото образование, познавање на англиски јазик
Опис на огласот: Опис на работно место и одговорности:
• Спроведување ревизорски прегледи на развој, планирање, одржување и дополнување на хардверски и софтверски решенија, ревизорски прегледи на сигурност на информативниот систем, утврдување на ИТ ризиците поврзани со функционирање на ИТ системи и предлагање на мерки за нивно надминување
• Следење на преземените мерки по издадени ревизорски препораки
• Извршување на детални анализи за оценка на ефективноста и ефикасноста на ревидираниот процес/функција, како и неговата усогласеност со локалната регулатива (Закон за лични податоци) и меѓународните стандарди ISO 27000, ISO 20000 и PCI DSS
• Проценка на општата ефикасност на работењето на системите и сигурност на информативниот систем
• Следење и спроведување на интерните процедури и политики во делот на ИТ и сигурност на информативните системи
• Соработка со надворешни ревизорски контроли
• Учество во проектите за примена и усогласување на работењето на Друштвото согласно барањата на меѓународните мрежи Мастеркард/Виза, законски регулативи и стандарди
Способност:
• Одлично познавање, специјализација и искуства во развој на хардверски и софтверски решенија во Microsoft и Linux околина
• Комуникативна и динамична личност со способност за преземање на иницијативи
• Тимски дух, позитивен став и однесување
• Способност за работа под притисок, справување со стрес и извршување повеќе работи истовремено во кратки временски рокови
• Прецизност, точност и аналитичен пристап во работењето
• Висок личен интегритет, деловен и професионален однос
• Способност за комуникација, преговарање и убедување
• Вештини за презентирање
• Сертификати од завршени специјализирани курсеви и обуки ќе бидат земени како предност



Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат наведените услови, потребно е да испратат кратка биографија на македонски јазик и мотивационо писмо на е-маил contact@casys.com.mk, или на адреса: Кузман Јосифовски Питу бр.1 Скопје најдоцна до 21.06.2021 година.

Со испраќање на Вашата апликација давате согласност Вашите податоци да бидат задржани и користени од Компанијата во рок од една 1 година.

Контакт информации

Презиме, име: CaSys Contact
Телефон: 3293833
Поштенски код: 1000
Град/Општина: Скопје
Email: Email: contact@casys.com.mk
ИТ Ревизор