Опис на огласот
Образование: ВСП степен стручна подготовка - Диплома од универзитетско образование, од Факултет за информатички науки и компјутерско ининженерство / Електротехнички факултет и информациски технологииОпис на огласот: Опис на работно место и одговорности:
• Проектирање, инсталација и надгледување на мрежна инфраструктура
• Конфигурирање на мрежни уреди (router, switch, firewall, ips)
• Конфигурирање и администрирање на антивирус и антиспам филтри
• Конфигурирање и администрирање на мрежна инфраструктура
• Администрирање на регуларни резервни копии
• Изготвување на детална техничка документација, мрежни дијаграми, мрежна инфраструктура и слична документација
• Следење на сигурност на мрежна инфраструктира и превенција од неовластен пристап
• Конфигурирање и администрирање на IP телефонија
• Конфигурирање и надгледување на виртуелна околина (пр.VMWARE)
• Конфигурирање и одржување на MS Windows и Linux OS
• Администрирање на Domain Controller
Способност:
• Комуникативна и динамична личност со способност за преземање на иницијативи
• Тимски дух, позитивен став и однесување
• Способност за работа под притисок, справување со стрес и извршување повеќе работи истовремено во кратки временски рокови
• Прецизност, точност и аналитичен пристап во работењето
• Висок личен интегритет, деловен и професионален однос
• Познавање на англиски јазик читање и пишување
• Сертификати од завршени специјализирани курсеви и обуки ќе бидат земени како предност
Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат наведените услови, потребно е да испратат кратка биографија на македонски јазик и мотивационо писмо на е-маил contact@casys.com.mk, или на адреса: Кузман Јосифовски Питу бр.1 Скопје најдоцна до 21.06.2021 година.
Со испраќање на Вашата апликација давате согласност Вашите податоци да бидат задржани и користени од Компанијата во рок од една 1 година.
Контакт информации
Презиме, име: CaSys ContactТелефон: 3293833
Поштенски код: 1000
Град/Општина: Скопје
Email: Email: contact@casys.com.mk