Print

Опис на огласот

Образование: Економски Науки, Правни науки, Организациони науки и управување - Ниво на квалификации: VI A според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен
Опис на огласот: - Други посебни услови: Најмалку 4 год. искуство во струката, од кои најмалку една година на работно место во јавен сектор, односно најмалку 6 години работно искуство во струката, од кои најмалку 2 години на раководно место во приватен сектор.
- Работни цели: Управување со секојневното работење на одделението за финансиски прашања преку развивање и обединување на политиките, во рамките на делокругот на одделението, координирање и спроведување на таквите политики преку контрола на програмите за работа и поддржување на работата на Градоначалникот на општината.
- Работни задачи и обврски: раководи со одделението и ја организира, насочува и ја координира работата на одделението, ги распоредува работите и задачите на вработените во Одделенијата и врши непосредна контрола и надзор врз извршувањето на работите,
- Дава упатства за работа и потребна стручна помош во работата и вршењето на најсложените работи и задачи, го следи текот на извршувањето на работите и одговара за навремено, законито и квалитетно вршење на работите и задачите во делокругот на одделението,
- врши следење и примена на законите и подзаконските акти од областа на буџетското, материјалното и финансиското работење,
- спроведува управување, следење и контрола на состојбата на движењето на средствата и изворите на средствата на општината,
-врши подготвување на извршување и известување за извршување на буџетот на општината, подготовка на стратешкиот план како и нивна измена и дополнување,
- врши контрола на подготовка и извршувањето на буџетот и спроведува ex-ante и ex-post финансиска контрола,
- изготвува финансиски план за извршување на Буџетот ( месечен, квартален и годишен )
-врши следење на остварувањето на приходите и извршувањето на трошоците и сметководствено евидентирање за изршувањето на Буџетот и подготвување на годишна сметка,
- подготвува Годишен финансиски извештај освен извештај за извршените ревизии и активности на внатрешната ревизија кој го подготвува одделението за внатрешна ревизија, а е составен дел од овој извештај, согласно чл. 47 од Законот за јавна внатрешна финансиска контрола и
- врши други работи од надлежност на одделението што ќе му бидат доверени.
- Работно време : 8 часа на ден, 40h неделно
- Нето плата: 30.000,00
- Време на ангажирање: определено за времетраење од 2 месеци

Контакт информации

Презиме, име: Agencija JOB 2011
Телефон: 078/327-852
Поштенски код: 1000
Град/Општина: Центар
Email: Email: agencijajob2011@gmail.com
nopic